FM GROUP со седиште во Полска се бави со дистрибуција на парфеми од 2004 година.Своето работење го базира на долгорочната традиција на производство на парфеми на компанијата Перфанд. Идејата за остварување на ексклузивни линии на козметички производи е родена при едногодишниот престојна господинот Артур Травински (главен извршен директор на компанијата ФМ Груп) во Австралија, која е по неговото враќање по Полска и реализирана.Тој ги земал во обзир повеќето опции за дистрибуција на своите козметички производи. Знаењето и искуството на специјалисти од МЛМ-от (Multi Level Marketing) го увериле да започне продажба на свои производи преку МЛМ системот. Тоа почнало во месец Септември 2004,а после година дена присутност на Полскиот пазар поради огромниот интерес за производите на оваа компанија отворени се представништва во Чешка, Словачка, Австрија, Унгарија, Англија, Германија, Србија, Бугарска и Романија. Првите производи во нашата држава пристигнаа во 2007 година поради исто така,големиот интерес и е основана продажна мрежа која е во фаза на развој и им овозможува заработка на нашите соработници.Брзото ширење на ФМ ГРУП не е случајно. Продажната мрежа ја градат амбициозни, воглавно млади луѓе, кои се трудат да им удоволат на барањата на купувачите и да производите на компанијата им бидат достапни по најповолни цени.
ФМ ГРУП своите производи ги пласира во едноставни пакувања и под името ФМ ГРУП, за разлика од најпознатите светски куќи на парфеми,кои го задржуваат правото за корисење на името, па и дизајнот на своите произоди.
ФМ ГРУП има склопено договор со Германската фабрика Drom Fragrances Internacional која е во оваа бранша најголем светски производител на концентрати на најпознати парфеми. На основа на сертификатот кој таа фабрика го дала на ФМ ГРУП нашите купци имаат гаранција за проектот и врвниот квалитет на производите. Нашите производи се направени за купувачи од секоја возраст, задоволувајќи го секој вкус. ФМ ГРУП Ви нуди производи со висок квалитет, совршени во секој поглед, со широка палета на мириси: ориентални, шумски, овошни, цветни....
Нашето основно правило е да нашите клиенти бидат среќни и задоволни. Не се плашиме од предизвикот бидејќи сметаме дека и невозможното станува возможно. Се надеваме дека ќе се одлучите за соработка со нас. За возврат на Вашето поверење ви гарантираме професионалност, точност и врвен квалитет на понудените производи.
code & design by www.prowebing.com