favorit home page kontakt
fm group
ЧПП - ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

НАРАЧУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ

На кој начин можете да нарачате производи на домашна испорака?

  • Наједноставниот начин за нарачка на производи е преку СМС пораки на бројот 075/50-40-76

Доколку се одлучите на овој начин за нарачување потребно е во СМС пораката да напишете: Вашиот регистарски број_име и презиме_бројот на парфемот x колку парчиња(или бр.на останатите производи,пр.гел за туширање пишувате 33г)_адреса на испорака_начин на плаќање(на жиро сметка или по подигање на робата).

Пр. :123456_Марко Марковски_33 x 1_33г x 1_ул.Петар Петровски 3, 1000 Скопје_по подигање на робата и пратете го на бр.070/555555

  • Друг начин на нарачување е преку e-mail адреса naracka@fmgroupskopje.com која треба да ги содржи истите информации како и во СМС пораката.Доколку сакате ние можеме да Ви испратиме нарачка во електронски формат,која ќе ја пополните.
  • Можете да нарачате и ONLINE на нашиот сајт www.fmgroupskopje.com
  • Последниот начин за нарачка е преку FAX на бр:02/3090223

НАПОМЕНА: Дополнителни нарачки не сме во можност да ги примиме!

Која е цената на испораката?

  • Цената на испораката зависи од тежината на пакетот, и доколку пакетот изнесува:

маса/кг                                                           цена/ден

од 350гр-1кг                                                 170.00

- Повратница за EMS пратки 24 Ден.
- Ракување EMS пратка со откупнина 24 Ден.
- Враќање на пратка од EMS 80 Ден.

За нарачки од 10 и повеке парфеми фирмата ги сноси трошоците за испораката(поштарина).

Нарачките можат да бидат на повеќе регистарски броеви,меѓутоа доставата треба да биде извршена на иста адреса.
Кога стигнуваат нарачаните производи?

  • Доколку нарачката се изврши до 12 часот,робата ќе биде испратена истиот ден,а на адресата стигнува наредниот ден од денот кога е нарачана.
  • Доколку нарачката се изврси по 12 часот,робата ќе биде пратена наредниот ден,а на адресата стигнува по 2 дена од денот кога е нарачана.

НАПОМЕНА: Дополнителни нарачки(дополнувања) не сме во можност да ги примиме.

До кога треба да ја предадам нарачката, а бодовите да бидат пресметани во дадениот месец?

  • Нарачката можете да ја реализирате најдоцна до последниот работен ден во месецот до 18 часот за бодовите да ви бидат пресметани во дадениот месец.

 

ЗАЧЛЕНУВАЊЕ

На кој начин можам да се зачленам?

  • Да зачлените можете преку СМС порака која треба да ги содржи следниве информации: регистарскиот број на спонзорот,како и неговото име и презиме, име и презиме на новиот член, адреса, број на лична карта, ЕМБГ, број на телефон, e-mail адреса, адреса за испорака на стартер сетот и начин на плаќање,на жиро сметка или по подигање.
  • Исто така можете да нарачате и преку e-mail, кој треба да ги содржи истите информации како во СМС пораката.
  • И преку FAX на бројот 02/30-90-223

Стартер сетот може да биде нарачан и без податоци за нов член,од страна на неговиот спонзор со адреса на испорака и начин на плаќање.Стартер сетот содржи договор кој треба да се пополни и оригиналот да се достави во ФМ ГРУП Скопје ул.Рузвелтова 5а/22 1000 Скопје.

  • Лично во просториите на фирмата.

НАПОМЕНА:Секој стартер сет има свој код,кој се наоѓа и на договорот.Договор без код нема да го прифатиме.

Работно време на  ФМ ГРУП Скопје
    Работни денови:10-18 часот
    Сабота: 10 -14 часот

RSS fedd

code & design by www.prowebing.com